– Секојдневно сме сведоци на бројни изјави на бугарски функционери кои го напаѓаат јазикот, идентитетот, културата на Република Македонија, а владата на СДС упорно молчи. Од бугарска страна се слави договорот и се потврдува дека Илинденското востание е бугарско, дека со договорот се става крај на македонизмот и дека децата во Македонија конечно ќе учат точна историја откако Заев ќе ги избрише книгите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните на Република Македонија, според ВМРО-ДПМНЕ, имаат право да ја знаат содржината на договорот и да знаат какви отстапки има Заев направено. Се потсетува дека затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ упатила писмо до премиерот Заев и министерот Димитров со цел да се дознае содржината на договорот, бидејќи, како што стои, пратениците во бугарското Собрание веќе добиле можност да направат увид и да го погледнат усогласениот договор.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, бара можност и пратениците во македонското Собрание во име на граѓаните да имаат увид во овој договор со цел да се избегне било каков сомнеж за содржината.