Јаулески: СДСМ ги заборави ветувањата даден на студентите

Откако СДСМ дојдоа на власт веднаш ги заборавја ветувањата коишто им ги даваа на студентите и по само 40 дена на власт со ребалансот на Буџетот скусија 1,5 милијарди денари од парите наменети за образование, рече во средата Јован Јаулески, член Извршниот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев, Рената Дескоска и другите од СДС за време на изборите ветуваа брда и долини за студентите, од типот на повисок студентски стандард, реновирање и изградба на студентски домови, изградба на студентски град кој ќе бил како хотел со 7 ѕвезди, додека пак деновиве сведоци сме како кратат над 155 милиони денари планирани за студентските домови“, потсети Јаулески.

Рече и дека откако СДСМ е на валст освен „укинување, деструкција, блокада и кратење, друго ништо конкретно не видовме“ како проект или план за реализација што треба на студентите да им донесе подобро

„Студентите и младите можат да го видат вистинското лице на СДС. Студентите, за жал, се сведоци на луксузирања и набавка на скапи октоподи и морска храна која треба да ја јадат функционерите на СДС, а немаат пари за студентските домови и студентскиот стандард“, рече претставникот на младината на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него тоа претставува „огромна шлаканица“ којашто студентите веднаш ја почуваствувале од ткн реформи коишто ги презема Владата на СДСМ.