Еден малолетник е приведен, а полицијата трага по уште еден, кои крвинички, без повод и причина нападнаа средношколец во автобусот 50-ка на ЈСП.
Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава против 16-годишниот Р.Р. и уште едно непознато лице кои на 25 минатиот месец го натепаа 18-годишниот Х.С. во автобусот 50-ка на постојката кај Бит Пазар.
Според полицијата, Х.С. тој ден, по завршувањето на часовите во средното училиште „Михајло Пупин“ каде што учи, тргнал кон неговиот дом при што се качил во автобус на ЈСП-Скопје со број 50.
Кога автобусот пристигнал на автобуската постојка кај средното училиште „Боро Петрушевски-АСУЦ“ во автобусот се качила група на ученици при што веднаш почнале вулгарно и некултурно да се однесуваат и да ги провоцираат другите патници во автобусот.
На автобуската станица на Бит-Пазар, пријавителот Х.С. бил физички нападнат од страна на пријавениот и едно непознато лице на тој начин што без повод и причина му задале удар со тупаница во пределот на главата и десното рамо, по што истите слегле од автобусот и со метален ланец го искршиле стаклото од задната врата на автобусот.