Нов земјотрес од 3,0 степени по Рихтер во охридско

Земјотрес со магнитуда од 3,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во 22:02 минути во охридското епицентрално подрачје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.