
Лице на возраст од 62 години, кое било во публиката починало, (најверојатно од срцев удар) кој го доживеало за време на церемонијата на отворањето на овогодинешното ”Охридско лето” на ‘Антички театар’ во Охрид.
Интервенирала и „Брза помош” која го однела лицето во болница, каде човекот починал и била констатирана смрт.
Немилиот настан не ја попречи церемонијата на отворањето на фестивалот и помина незабележано кај поголем дел од присутните.