
Денеска на затворена седница ќе се разгледува договорот за добрососедство со Бугарија. Членовите на собраниската Комисија за надворешна политика денеска во 10 часот, на затворена седница за јавноста, ќе го разгледуваат нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија.
Јавноста веќе подолго време изразува незадоволство поради нетрансратентноста за содржината на овој договор кој денеска ќе се разгледува, исто така, зад затворени врати.
Толку од транспарентноста, демократичноста и потпирањето на граѓаните… Срамота!!! Ова е договор за добрососедство, а не државна тајна! Како ќе градиме добрососедство со византиски игри?, напиша на својот ФБ профил универзитетската професорка Билјана Ванковска.