Унгарскиот премиер Виктор Орбан во вторникот му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Унгарија сторила злосторства против Евреите во XX век, но дека повеќе нема да толерира антисемитизам.
Нетанјаху истакна дека Орбан на недвосмислен начин го уверил дека унгарската влада стои со еврејскиот народ, а тоа го нарече „важни зборови“ во контекстот на неодамнешните потези на унгарскиот премиер ко предизвика критики од еврејските заедници во оваа земја.
„Унгарија и Израел се свесни за историјата, но гледаат во иднината“, изјави Нетајаху на прес-конференцијата, откривајќи дека со унгарскиот колега разговарал за загриженоста на еврејската заедница и додавајќи дека го почитува одговорот на Орбан за тоа.
Доаѓањето на израелскиот премиер, што е првата таква посета во 30 години, ќе отвори ново поглавје во билатералните односи и ќе служи како основа за „соработка која ќе се фокусира на иднината“, истакна унгарскиот премиер. Нетанјаху го нарече „родољуб“ и порача дека „патриотските влади ќе бидат успешни во иднината“.
Унгарската влада покрена кампања против имигрантите и странските влијание во којашто се користи фотографијата на американскиот финансиер од евројско-унгарско потекло Џорџ Сорос, што тамошната еврејска заедница којашто иако нема високо мислење за Сорос го прогласи за антисемитски и го повика Орбан да ја запре таа акција.
Сорос во текот на Втората светска војна, според сопствено признание, со неговиот кум го избегнал прогонот на нацистите прикривајќи го потеклото но истовремено се стекнувал со сопствености на унгарските Евреи, а подоцна откако емигрирал во САД. Таму стекнал уште поголемо богатство, и од 1990-те години е вклучени во промовирањето на неолибералните вредности во посткомунистичка источна Европа, поради што е во судир со повеќе тамошни влади, конкретно со конзервативците во Будимпешта, но и со политички струи во САД.
Во рамките на кампањата на унгарската влада на улиците се поставени постери, а во весниците има огласи со слика на Сорос на којашто пишува „Не дозволувајте Џорџ Сорос последен да се смее“.
Оваа кампања го користи имагинариумот кој „потсетува на нацистичктие постери во текот на Втората светска војна кои прокажувале ‘насмеан Евреин’“, истакнува за Reuters Лидија Гал, претставничка на организацијата за човекови права Human Rights Watch, истакнувајќи дека постерот поттикнува антисемитизам.