
Симпатизери на ДУИ од населбата Дуќанџик во Чаир, упатиле закани до екипа на телевизијата ТВ Шења поради прилози емитувани за проблемот со големата дупка којашто е отворена веќе неколку недели, а која претставува опасност за локалното население.
Од Шења информираат дека три лица коишто се изјасниле како симпатизери на ДУИ, го попречиле снимањето на нивната екипа дури упатиле и закани, порачувајќи да не емитуваат уште еден прилог за ова. Истите овие лица, во текот на вчерашниот ден, им се заканувале и на жителите на населбата коишто давале изјави за ТВ Шења.
ТВ Шења јавно го поканува раководството на општина Чаир и градоначалникот Изет Меџити, да преземат мерки во врска со засегнатите лица. Исто така, ги покануваат и надлежните да реагираат во врска со ова прашање, како и Здружението на новинари на Македонија.