Унгарската полиција пребарува возови по закана за бомба

Унгарската полиција запре и испразни 18 меѓународни возови што минуваат низ Унгарија, по заканата за поставена бомба, стои во соопштението на полициските власти.

Претходно, непознат маж се јавил в полиција и рекол дека во меѓународните возови упатени кон Унгарија, има поставено експлозиви.