
Продолжи во петокот политичкиот театар и политичкиот прогон од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), изјави пред Судот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Јас тука се пријавив да одговорам на сите нивни лаги и невистини кои ги иксажуваа во изминатиот период и да им порачам дека јас планирам на следните избори да победам, како политичка пшартија, како водач на политичка партија и повторно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт, а не да бегам од земјата. Тоа е мојата главна порака“, рече Груевски.
Истакна дека никогаш не избегнувал покани на СЈО и секогаш уредно ги известувал кога имал кратки патувања.
„Никогаш не сум избегнал покани на СЈО, кога сум добил покана сум се јавил во СЈО, а секогаш при патувањата сум ги известувал дека патувам, иако не сум имал обврска за тоа. Секогаш уредно сум ги известувал кога сум имал најчесто кратки патувања“, рече Груевски.