![776116835533898ed6bf53374944518_size3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/776116835533898ed6bf53374944518_size3.jpg?resize=640%2C366&ssl=1)
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на мастерс турнирот во Мајами, откако со доминантна игра за 84 минути го победи Шпанецот Рафаел Надал со 6:3, 6:3.
Ѓоковиќ во Мајами го одигра својот најдобар меч од почетокот на годината, со исклучок на првиот гем во мечот, сите елементи во неговата игра функционираа беспрекорно и на крајот заслужено стигна до 18 победа во 40 дуел со Надал.
За Србинот ова е втора мастерс титула оваа година, претходно победи во Индијан Велс, а четврта во Мајами по 2007, 2011 и 2012 година.
Од друга страна Надал и во четвртото финале не успеа да стигне до титулата во Мајами, претходно тој во финалните мечеви губеше во 2005 (Давиденко), 2008 (Федерер) и 2011 (Ѓоковиќ).
Титулата во Мајами е 43-та во кариерата за Ѓоковиќ, 18-та на Мастерс турнирите.