Аврамовска од „Фчерашни вести“ стана портпарол на Министерството за финансии

Јована Аврамовска која  беше дел од тимот на емисијата „Фчерашни вести“ што се емитуваше на „Телма“ е новиот портпарол на Министерството за финансии.

Таа во извава за „Плусинфо“ вели дека не конкурирала на посебен конкурс, туку ја поканил советникот на министерот Бранимир Јовановиќ. Воедно, најавила дека ќе се обиде да ја исполни главната цел во односите со јавноста, транспарентноста.