Актерот Џон Херд, познат по улогата во филмот „Сам дома“, почина на 72-годишна возраст, јавуваат светските агенции.
Бил пронајден мртов во петокот во неговата соба во хотелот Пало Алто во Калифорнија. Медицински лица ја потврдиле смртта на популарниот актер, но причината засега не е позната.
Актерот имал мала операција на грбот и од средата бил во хотелот за да се опорави.
Херд ја толкуваше улогата на Питер Маккалистер – татко на Кевин, во филмовите „Сам дома”. Тој исто така учествува во „Голем” со Том Хенкс, „Сопранови” и „Батлстар галаксија”. Играл водечки улоги и во други продукции на големите и на малите екрани.