Апсурдно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години системски ја партизираше државата, воспостави масовна контрола врз институциите и грубо се пресметуваше со неистомислениците, денес да обвинува за партизација и режим, реагираа во неделата од СДСМ на прес конференцијата на Даниела Рангелова којашто ја обвини актуелната власт за партизирање на администрацијата преку непоткрепени откази и вработување на партиски актвисти.
„Режимот на ВМРО-ДПМНЕ затвораше медиуми, апсеше и притвораше новинари, монтираше судски случаи и преку злоупотреба на институциите се одмаздуваше кон неистомислениците, со што од Македонија направи заробена држава, изолирана од демократскиот свет.
Владата предводена од СДСМ преку рефомскиот План 3-6-9 започна со сериозни реформи во јавната администрација во судството, медиумите и борбата против корупцијата, согласно препораките на ОБСЕ, ОДИХР и останати релевантни меѓународни институции, кој ќе има за цел ослободување на институциите што ВМРО-ДПМНЕ ги зароби и нивно департизирање, професионализирање и делување исклучиво во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштенеито на СДСМ.