Сара Мејс одржа спектакуларен концерт во Драчево (ФОТО)

Уникатната македонска поп ѕвезда Сара Мејс, во саботата вечерта одржа спектакуларен концерт во Паркот на бранителите во населбата Драчево.

Сара Мејс пред неколку години со својата појава донесе освежување на македонската сцена. Со изведбата на нејзиното прво авторско дело „Врне, врне“ стана едно од најпопуларните музички имиња во нашата земја. Инаку, Сара Мејс е мултиталентиран уметник, дипломирана харфистка со неверојатно квалитетен вокал. Покрај ова има завршено поп и џез пеење со специјализација композиција, а свири и клавир.

Со својата уникатност и моќен глас Сара Мејс синоќа на сцената ги донесе светски познатите хитови како „Je veux“, „Happy“, „The Time is now“, „Despasito…, хитови со кои направи незаборавна забава. Од сцената прозвучеа и нејзините големи хитови „Врне, врне“, „Намбареја“ и „Пеперутки“ кои ја одушевија публиката и оставија белег на синоќешниот концерт.

Сара Мејс со својот моќен глас, харизма и позитивна енергија докажа и покажа зошто е миленик на публиката.

Овој концерт беше уште еден во низата незаборавни концерти кои се одржаа во рамки на Културното лето „Три круши 2017“, кое е во организација на Општина Кисела Вода.

Посетителите на Културното лето „Три круши 2017“, од почетокот на јули имаа можност да уживаат и во одличниот настап на македонските фолк ѕвезди Наум Петрески и Зуица Лазова со чиј концерт се отвори оваа манифестација. Културното лето со својот настап го збогатија членовите на етно составот Чалгија Саунд Систем, како и миленикот на публиката Миле Кузмановски. Од летната сцена на верско – рекреативниот центар „Три круши“ прозвучеа и Дипломатик бенд, тамбурашкиот оркестар Ѓезме, како и популарното македонско дуо Силви Бенд.

Кулурното лето „Три круши 2017“ продолжува и следниот викенд, кога и официјално завршува оваа манифестација. Публиката во петок ќе има можност да ужива во настапот на членовите на КУД Китка од Драчево, а веќе во сабота посетителите ќе имаат можност да уживаат во концертот на една од најквалитетните македонски фолк ѕвезди Сузана Спасовска со чиј концерт ќе се затвори овогодинешната културна манифестација „Три круши 2017“.