Тројца осомничени за вчерашното убиство во Охрид

Три лица од едно семејство се осомничени за убиството коешто во неделата попладнето се случи во Охрид, во тепашката којашто се случила по банална вербална расправија, објави во понеделникот СВР Охрид.

Охридската полиција, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, поднела кривична пријава против 79-годишниот Н.С. 45-годишниот З.С. и 24-годишниот Д.С., ите од Охрид.

Сппоред сознанијата на полицијата, во неделата околу 17,30 часот, пред продавница на пресекот на улиците „Будва“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка, во кое од здобиените повреди 58-годишниот С.Г. колабирал и починал на местото на настанот.
Во нарушувањето на јавниот ред и мир, покрај тројцата пријавени од една, учествувале и сега починатиот С.Г. и неговиот 29-годишен син М.Г., од друга страна.

Прво се одвивала жестока вербална расправија меѓу сега починатиот С.Г. и пријавениот Н.С. во која се вклучил и М.Г. син на починатиот. По кратко време, на местото на настанот дошле и во тепачката се приклучиле пријавените З.С. и Д.С. кои со физичка сила му нанесле тешки повреди по главата на сега починатиот.