Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија во процедурална забелешка на Комисијата за финансирање и буџет регираше на искажаните навреди од страна на пратеникот од Коалицијата на СДСМ, Илија Николовски, кој искажа навреди кон македонските бранители.
„На сите оние коишто биле спремни да го положат својот живот за оваа татковина во 2001 година, а потоа оформиле здржение на граѓани како што се Бедем, Прилиепски бранители, Карпалак, Здружение на воени инвалиди 2001 година, ги нарече криминалци и вмровизирано организации, истакна Стевананџија.
Потенцираше дека човекот којшто на 27 април го поддржа пучот, денеска ги навреди сите бранители од 2001 година.
„Не може за некој да тврдиме дека се криминалци, ако тоа не е докажано, не можеме да оценуваме здружение коешто има петстотини, шестотини, две илијади членови да кажеме дека е вмровизирано. Јас сум убеден дека има луѓе и од СДСМ, неопределни кои што е еден начин пристапиле во овие оргаизации. Не смееме барем тие луѓе да ги навредуваме“, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.