
Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе престојува во посета на Република Албанија, на покана на неговиот колега Дитмир Бушати.
Во рамки на посетата, покрај со домаќинот, предвидено е Димитров да оствари средби со премиерот Еди Рама и со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.
По средбата со шефот на дипломатијата на Република Албанија, предвидена е заедничка прес-конференција на двајцата министри.