Кривична казна од 60.000 денари уплатени за Симо Липски за убиеното куче Идриз

Ова е исходот од Кривичната пријава која ја поднесовме против Симо Христовски Липски кој го уби бездомното куче Идриз, информирша во вторникот здружението Анима Мунди.

Липски е кривично казнет парично во износ од 60.000 денари кои Обвинителството го обврзало да ги уплати за хуманитарни цели на сметка на Анима Мунди, а со цел укажување на помош на животни.

1

Исходот е таков бидејќи Липски ја признал вината, искажал каење, никогаш претходно не бил осудуван и извршил уплата по налог на ОЈО оваа е казната со која доби олеснувања во кривичната постапка.

„Нас оваа казна и овие средства не не радуваат и сакавме да го видиме Липски во затвор, но исто сме свесни дека обвинителот ангажиран на овој случај сторил сѐ што можел, искористил и дискреционо право да наместо во Буџетот на РМ средствата бидат наменети во хуманитарни цели, за животните“, велат од Анима Мунди.

Овие средства за нас се фонд на Идриз кои но ќе бидат искористени за итни случаи во негово име, а сликите и итните случаи ќе бидат одбрани јавно. Идриз да спаси други, зошто Идриз не можевме да го спасиме.

 

2„Можеби  судот завршил со Липски но ние не. Липски ќе биде за секогаш обележан како убиец, кој пред сѐ е казнет со осудата на целата македонска јавност, кој успеавме да го казниме финансиски со вкупен износ од 1.800 евра, кривично и по Законот за заштита и благосостојба на животните“, се додава во соопштението.