
Делегација на Владата во чиј состав беа министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, денеска положи венец на спомен обележјето на жртвите од катастрофалниот земјотрес, што се случи на 26 јули 1963 година во Скопје.
– Владата на Република Македонија сочувствува со сите граѓани на Скопје и на Република Македонија кои во тој трагичен настан ги загубија своите најблиски, роднини и пријатели, соопшти владината прес-служба.