Новата влада продолжува да ја полни администрацијата со партиски војници, но пострашно е што воопшно не се почитуваат процедурите и грубо се прекршуваат законите.
Зоран Павловски, од ЛДП, за нов државен секретар доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање на приходи, локален економски развој и стратешко планирање во општина Куманово, а не од вработените во министерството, со што беше прекршен законот за административни службеници.
Според законот за административни службеници државниот секретар во ресорното министерство го назначува министерот од редот на вработените во самото министерство.
Со ова продолжува и грубата партизација на администацијата од страна на новата влада на СДСМ. Вчера за државен секретар во Министерството за економија беше именуван Зоран Павловски кој е член на коалициониот партнер ЛДП.
Членот 23 став 6 вели: Секретарот од ставот (1) алинеја 1 на овој член од редот на административните службеници од категоријата Б, односно од редот на раководните вработени го назначува министерот и истиот треба да ги исполнува посебните услови за работното место за нивото Б4 на раководни административни службеници.
Според Законот за административни службеници членот 101 став 2 Глоба за раководното лице на институцијата за прекршување на овој законот изнесува 7500 до 15.000 евра.