Украинскиот претседател Петро Порошенко ми го одзема украинското државјанство на поранешниот грузиски претседател и сојузник Михаил Саакшвили, кого го именуваше за градоначалник на Одеса, објави во средата кабинетот на украинскиот претседател.
Михаик Саакашвили, кој ја имаше поддршката на западот за наводното пресметување со корупцијата во текот на неговиот мандат од 2004 до 2013 година и кој влезе во воен конфликт со Русија, изненадувачки во мај 2015 година како што забележуваше опозицијата доби нелегално украински пасош и беше именуван за гувернер на Одекскиот регион, во кој мнозинството се рускојазични Украинци, но е под строг контрола на силите на властите во Киев.
Поради војната испровоцирана со Русија, се чинеше дека Саакашвили е природен сојузник на Киев и препорачан од западот во периодот кога руското мнозинство на црноморскиот полуостров Крим на референдум изгласа присоединување на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија.
Меѓутоа, односите меѓу Порошенко и Саакашвили се влошија откако вториов во ноември минатата година поднесе оставка на гувернерската должност и формираше нова партија којашто стана опозиција на украинскиот претседател, кого го обвинува дека дозволи ширење на корупцијата во Украина.
Службата за доселеници на Украина не ја наведува точната причина зошто Саакашвили го загубил државјанството, но објави дека е можно „затоа што добил државјанство на некоја друга држава или дал лажни документи“.
„Според украинскиот устав, претседателот на Украина ги носи одлуките за губењето на украинското државјанство на основа на заклучоците на комисијата за државјанство“, се наведува во соопштението.
Партијата којашто ја основаше Саакашвили – Движење на новите сили соопшти дека Порошенко го избрал „патот на антиуставните одлуки во името на узурпирањето ни задржувањето на власт по секоја цена“.
Во соопштението објавено на социјалните режи, оваа партија го обвини украинскиот претседател дека ги предал „реформистичките“ цели на Мајдан, протестите поддржани од Западот со коишто во зимата 2014 година беше соборен од власта дотогашниот украински претседател Виктор Јанукович.
Според украинскиот закон само украинските државјани може да бидат на чело на партии или да бидат избирани во парламентот, поради што и своевременото необјаснето доделување на државјанство на Саакашвили предизвика реакции во Украина.
Партијата на Саакашвили бара предвремени парламентарни избори, а според анкетите од јуни има поддршка од само 2 отсто од Украинците, додела 6 проценти ја поддржуваат партијата на Порошенко.