„Невладините“ го подучуваат СДСМ како целосно да го партизира македонското судство

Таканаречените НВО-а, главно финасирани од фондацијата на американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос, секогаш во најтесна координираност со СДСМ деновие предлагаат таканаречен „План 6-9-12“, со кој укажуваат како требало да се спроведат правосудни реформи, преку кое ќе се воспостави Специјално одделение во Кривичниот суд коешто ќе служи за вештачки монтираните случаи на Специјалното јавно обвинителство.

За овие измени, од овие органзиации и здруженија му укажуваат на СДСМ оти не е потребно двотретинско мнозинство, што во практиката ќе значи воспоставување тотална партиска контрола над правосудниот систем во земјата.

Планот го објави Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет а зад него застанаа 73 невладини организации кои се финансирани од Сорос. Всушност, станува збор за истите организации кои имаа склучено официјална коалиција со СДСМ.

На прес- конференција, одржана на 8 мај 2015 година, од страна на Стево Пендаровски, како официјален претставник на СДСМ, беше објавено дека СДСМ влегува во коалиција со 73 невладини организации под името „Граѓаните за Македонија“. По спроведените протести и „Шарената револуција“ од страна на оваа владино-невладина коалиција, истата се преименува во „Ние одлучуваме“, платформа преку која се вршеше притисок врз граѓаните во предизборниот период.

Сега иницијативата ќе запоне да се остварува на преку многу лесно препознатливиот терк, односно СДСМ во јавноста ќе образложи дека новите реформи ги спроведува по препорака на „граѓанскиот сектор“, оној истиот со кој поптиша политичка коалиција, со што треба да започне вистинкската харанга против ВМРО-ДПМНЕ, откако малку е веројатно дека судите кои држат до својот професионален дигнитет ќе ѝ удоволуваат на специјалката Катица Јанева во исполнувањето на нејзините обрски кон Зоран Заев и, исто така, откако е сé поочигледно дека ниту силната медумска поддршка на провладините медиуми за ткн „реформатори“ не може сериозно да ја поткопа ВМРО-ДПМНЕ.

Во овие 73 соросови невладини организации кои предлагаат партизација на судскиот систем спаѓаат: Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Фондација Отворено општество – Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европски образование, НВО Инфоцентар, Центар за современи уметности, Младински образовен форум, Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар, Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга, Здружение за локален развој „Акција Плус” – Ресен, Младински културен центар – Битола, Центар за стратегии и развој „Пактис” – Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни „ПРОЕКТ-ЕУ” – Кавадарци, Организација на жени од Струмица – Струмица, Патокази – Гевгелија, Визио – Кичево, Регионален центар за одржлив развој – Кратово, Гласно – Штип, Фокус – Велес и КХАМ – Делчево.