Струшката депонија повторно гори

Граѓаните на социјалните мрежи денеска повторно објавија фотографии од депонијата во Струга и пожарот кој веќе трет ден не го гасне никој.

Додека градоначалникот и власта молчат, граѓаните на Струга постојано се жалат на чадот од депонијата која со денови гори, а од истата ги пече грлото и очите, а се шири и неподнослива миризба.

Инаку во Струга во вторникот вечерта повторно се запали депонијата, а ноќта според фотографиите во центарот на градот имало буквално магла среде јули.

Владата на Зоран Заев со 26 министри, продолжува со своето фијаско, заедно со локалната самоуправа и не можат да угаснат еден пожар во Струга.

Исто така, постојаните пожари и чадот ова лето ја загрозува туристичката сезона во Охрид, Струга, Вевчани и другите околни места.