
Од денеска до недела Скопје ќе биде домаќин на Балканскиот шампионат во одбојка на плажа за играчи до 22 години.
Во машка конкуренција ќе настапат фкупно 14 екипи, а Македонија ќе биде претставувана со две екипи. Првата ја сочинуваат Јован Илиевски и Лука Костиќ, а во втората екипа ќе играат Владислав Лукаревски и Иван Замфиров.
Во женска конкуренција ќе играат 12 екипи. Првиот македонскиот тим го сочинуваат Глорија Каровска и Моника Јаневиќ, додека во втората екипа се Јана Душковска и Сара Серафимовска.
Натпреварите стартуваат од 14 часот, а ќе се играат на терените крај реката Вардар во Градскиот парк во Скопје.