ВМРО-ДПМНЕ едногласно го избра новиот Извршен комитет

ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа едногласно го избра составот на новиот Извршен Комитет.

Во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе членуваат:

Христијан Мицкоски, кој беше избран и за Генерален секретар на партијата,
Никола Србов
Богдан Илиевски
Дејан Јовановски
Светлана Колариќ
Драги Димитриевски
Зекир Рамчиловиќ
Никола Попоски
Антонијо Милошоски
Илија Димовски
Коце Трајановски
Даниела Рангелова
Владимир Нелоски
Александар Николоски
Владимир Ѓорчев
Џери Наумоф
Никола Тодоров
Нермин Теловска
Славче Трпески
Армен Незири
Игор Николов
Александар Тргачевски
Зоран Ставрески
Златко Перински
Анета Стојановска Стефанова
Сеад Солаковски
Марио Цветковски
Емил Димитриев
Ане Лашкоска
Зоран Илиоски
Диана Транталовска
Александар Ѓорѓиев

Претседател на Извршниот Комитет е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Овој состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ преставува спој на младоста и искуството кој ветува нови успеси на партијата.

Имено, во новиот извршен комитет членуваат еминентни професори, угледни граѓани и експерти во својата област кои се докажани професионалци. Балансот на млади и докажани кадри на партијата се очекува да дадат нова сила и енергија во наредниот период, особено во пресрет на престојните локални избори.

Извори од партијата брифираат дека изборот на кандидатите се одвивал во крајно конструктивна атмосфера и дебата од која произлезе тимот кој на партијата ќе и ја донесе 11 победа по ред. Освежениот тим на веќе постојните докажани партиски кадри ветува нови успеси, полетност, нови идеи и поголема отвореност.

ВМРО-ДПМНЕ со новиот состав на ИК го оствари и најавениот план за поголема инклузија на припадниците на помалите етнички заедниците во Македонија, но и на секој поединец кој живее со идеите на ВМРО, идеите на независна напредна и успешна Македонија.

Изворите потврдија дека новиот освежен и подновен кадар на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ уште веднаш ќе отпочне со подготовка на членството за локалните избори, но ќе продолжи со средбите со граѓаните, симпатизерите и поддржувачите на партијата со цел да се извојува што поубедлива победа.