ВМРО-ДПМНЕ: СЈО молчи за новите 30 вработувања

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СЈО со годишен буџет од 4 милиони евра, за кои, како што наведуваат, нема прецизни информации колку и како се троши, ги вдомува исклучиво партиските експоненти на СДС, нивните деца или внуци или блиски роднини на самите обвинители во оваа месна организација на партијата на власт.

– Со тие пари се покриваат вработувањата на Берниса Рахиќ, ќерката на Есад Рахиќ поранешен функционер на СДС, Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник од редовите на СДС, Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на општина Крива Паланка, Ѓорѓи Камчев кој според објавените информации, активно учествувал во протестите во организација на Шарената револуција и уште десетина други активисти на СДС или нивни деца, рече Бојан Стојаноски во изјава пред СЈО.

Во СЈО, посочуваат од партијата, се вдомија и Елена Јосифовска, ќерка на една од обвинителките во СЈО, а вработен е и Владимир Миладиновски, дел од нејзиното семејство.

– Вработување добија Љупчо Чучурски од Берово роднина на обвинителот Гаврил Бубевски, Борче Трајковски, познат како Боки Бургија близок до СДС, па дури и Ѓорги Делиџаков од Гевгелија, студент по економски науки, но што е поважно внук на шефицата на таа институција Катица Јанева. Очигледно СЈО планира со парите на граѓаните да вработува партиски или роднински подобни лица. Овие 30 лица ќе работат на оцрнување на партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ без никакви правни аргументи, додаде Стојаноски.