Хрватска светски првак во ватерполо

Ватреполистите на Хрватска се новите светски прваци, откако синоќа во финалето на 17. Светско првенство во спортови на вода во Будимпешта го совладаа домаќинот Унгарија со 8:6, пред 8.000 бучни унграски навивачи.

Ова за Хрватска е втор златен медал на светските првенства, по оној во 2007 година во Мелбурн.

Резултат по четвртини: 4:0; 0:2; 2:2 и 2:2.

Популарните „баракуди“ одлично го почнаа финалето и по првата четвртина водеа со 4:0, но домаќинот до средината на третиот период успеа да изедначи на 4:4. Сепак, Хрватска повторно дојде до водство (7:4), кое не го испушти до крајот на дуелот.

Најефикасен на фуналето беше Сандро Сукно со 3 голови, додека голманот на Хрватска Марко Бијач имаше 11 одбрани.

Во натпреварот за бронзениот медал Србија ја победи Грција со 11:8.