На контроверзните венецуелски избори за Уставотворното собрание во неделата гласале 8,1 милиони избирачи, објави во понеделнкот тамошната изборна комисија.
Овој резултат значи дека 41,5 отсто од гласачите го дале својот глас на избирачките места во неделата, изјави претседателот на националната изборна комисија Тибисај Лучена.
Опозицијата којашто ги бојкотираше овие избори, пак, тврди дека на изборите учествувале само 2,8 милиони луѓе, од вкупно 19,4 милиони жители на Венецуела со право на глас, а изборните резултати ги нарече „најголемата изборна измама во нашата историја“.
Опозицискиот лидер, адвокатот Енрике Каприљес, кој двапати не успеа во обидот да стане претседател на Венецуела, беше поразен од харизматичнот Уго Чавез и подоцна од неговиот наследник и актуелен претседател Николас Мадуро, изјави дека во насилствата во текот на изборниот ден се убиени 15 луѓе, додека државниот обвинител потврди осум жртви.
Најмалку осум припадници на полициската национална гарда беа ранети во главниот град Каракас, кога врз нив во неделата ноќта е фрлена импровизирана експлозивна направа.
Каприљес изјави дека тоа бил „црн ден“ за Венецуела и за тоа ги обвини, како што рече, „болните амбиции“ на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Челникот на опозицската пратеничка група во Националниот собрание, Сталин Гонзалес, предупреди во неделата дека претседателот Николас Мадуро ќе се пожали на „нечесните избори“.
Додаде дека неколку часа по отворањето на избирачките места излегле, како што тој проценува, само 3 отсто од избирачите.
„Земјата е во состојба на граѓанска непослушност и не сака да учествува во оваа измама. Мадуро ќе жали поради таа измама којашто денеска се одвива целиот остаток од својот живот“, изјави Гонзалес на прес-конференција.