
Синоќа по 18 часот часот пожарот бил веќе стасан до патот во близина на селото Требовље и биле загрозени првите куќи од селото, поради што се испратени дополнителни сили, екипи од противпожарните единии на Тетово, Струга, Гостивар, Куманово.
Претходно во неделата околу селото Требовње беа распоредени екипи од Дирекцијата за заштта и спасување (ДЗС), Шумското стопанство „Сандански“ од Македонски Брод, Територијалната противпожарна единица на Македонски Брод и лица од месното население. Првиот крак од пожарот во селото Требовње се ширеше во правец на селото Здуње. Во гаснењето на пожарот поддршка дадоа уште два хеликоптера на АРМ.
Со пожарот била зафатена бандера на далекувод и во моментот без електрична енергија се жителите од селото Близанско.
Во 20 часот во неделата беше одржан Регионален штаб за управување со кризи на ПО РЦУК Македонски Брод на кој присуствуваа претставници од РЦУК Македонски Брод, Градоначалникот на Македонски Брод, претседателот на МЗ, претставник од ДЗС Македонски Брод, претставник од Здравствен дом и претставник од ЈП Македонски шуми.
На состанокот била согледана состојба на теренот и донесени се следните заклучоци:
Се работи за два пожара од кои едниот е од месноста Круша во атарот на селото Близанско со правец на движење кон Требовље а вториот пожар е од Требовље со правец на движење кон локалитетите Лутоец и Фојник.
Во изминатите денови имаше ангажирање на два хелихоптери на АРМ и повремено ангажирање на два авиона од ДЗС. Меѓутоа поради високогорривната материја (борова шума), високите температури и лошиот терен пожарот сé уште е активен.
Поради тоа донесен е заклучок во понеделнкот гасење на пожарот да бидат ангажирани следните сили: воздушните летала на ДЗС; лица од ЕЛС – Мак.Брод; ДЗС – Скопје; ЈП Јасен, ТППЕ Мак.Брод, ДЗС – Кичево, ДЗС Мак.Брод, ДЗС – Прилеп, ЈП Македонски Шуми и од месно население на с.Требовље. Покрај тоа од Здравствен дом Мак.Брод на местото на пожарот во с.Требовље ке бидат присутни 2 екипи. Полициската станица Мак.Брод ќе биде ангажирана за регулирање на сообраќајот. Подршка на силите во гасењето на пожарите дава и АРМ со своите воздушни сили (хеликоптери со ведра).