
Нискостеблеста шума и трева се зафатени од пожар во атарот на кавадаречкото село Фариш.
Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски, се интервенира со две противпожарни возила и шест пожарникари.
Пламените јазици се на околу 200 метри под селото. Засега огнот го држиме под контрола, рече Богевски.
Дополнително ќе се утврдуваат причините за пожарот, зафатената површина и висината на материјалната штета.