Андонов: Предлог стратегијата за бегалците е преобемна без јасни цели

Универзитетскиот професор Оливер Андонов на денешната на денешната јавна расправа за Предлог нацрт на Стратегија за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година и предлог нацрт на Национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година, во рамки на собраниската Комисија за труд и социјална политика праша од кои држави ќе бидат бегалците кои ќе се стационираат во Македонија и како ќе бидат идентификувани.

Тој посочи дека предлог стратегијата е преобемна без јасни цели и визија. Андонов додаде и дека Владата досега требала да направи анализа за стратегијата и акцискиот план која требало веќе да биде претставена.

-Не е исто да се примат 1 милион бегалци во Германија и 200.000 во Македонија за десет годишен период, изјави Андонов кој додаде дека стратегијата мора да биде сериозен документ, а не базиран на претпоставки.

-Невработеност имаме од 24 проценти и покрај напорите на претходната влада. За кого ќе се грижи Владата на Република Македонија, за сопствените граѓани или за бегалците?, праша Андонов.