Лекарите запрепастени – бебе трудно со својот близнак (ФОТО)

Во Индија е регистриран случај на бебе коешто е „бремено“ со својот половично развиен близнак, што е извонредно редок случај кој ги запрепасти медицинските кругови во земјата.

Во текот на редовниот ултразвучен преглед на 19-годипната мајка, лекарката радиолог на почетокот од јули во абдоменот на фетусот открила неодредена маса со делумно развиени коски..

„По раѓањето на бебето во текот на вториот преглед во неговата фетална вреќичка откривме половично формирано бебе со мозок, рака, и нозе“, изјавила за локалните медиуми лекарката Бхавна Торат.

„Мајката зачнала со близнаци, но еден од близнаците останал заробен во телото на другиот близнак. Станува збор за состојба кога имаме бебе домаќин и бебе паразит коешто се развивало до 13-та седмица и потоа застанало во развојот“, појаснува индиската лекарка.

Станува збор за извонредно редок случај на „фетус во фетус“ природена аномалија при којашто неформираниот паразитски фетус расте во телото на бебето.

Младата мајка на 20 јули родила момченце кое морало да биде подвргнато на операција за од абдоменот да му биде отстранет неразвиениот фетус кој бил долг 7 сантиметри и тежок 150 грама.

За среќа немало компликации, мајката и момченцето ја напуштиле болницата, потврдила Неена Никлани, гинеколог во болницата во близина „Билал“ во Тајне, западно предградие на индискиот мегалополис Мумбаи.

Во светот досега се регистрирани само 100 случаи на „фетус во фетус“, а медицинската наука проценува дека се појавуваат еднаш на 500.000 живородени.

 

 

pri_48208690

 

MAIN-PREGNANT-WITH-TWIN

 

835184_1

42D96A3900000578-4746576-image-a-78_1501509241573

42D7C92D00000578-4746576-image-a-63_1501508522270