Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 31 до 41 степен. УВ-индексот ќе има вредност 9. Македонија од денеска и за време на викендот, како што се најавува, ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 40 степени.
До средината на следната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на сува и многу топла воздушна маса. Ова ќе предизвика период на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени.