
Монахињите и монасите на МПЦ-ОА, која за бугарската православна црква е непостоечка црква, му кажуваат на македонскиот народ дека напорот не треба да биде кон признавање на МПЦ-ОА од страна на бугарската и другите православни цркви, туку македонскиот народ да го положи својот идентитет на „олтарот“ на бугарската држава и така МПЦ-ОА и Македонците да се изедначат, и да влезат во единство, сега со бугарската држава и црква, а после смртта со Исус?“, пишува на својот фејснук профил професорот Горазд Росоклија.
„Или јас нешто не сум разбрал од мудроста на монахињите и монасите на Св. Јован Бигорски кои непрашани, неповикани, неквалификувани ни со школо ни со памет, го поддржуваат ’договорот“ со Бугарија?“, пишува натаму Росоклија, реномиран професор на повеќе американски универзитети.
„Ние Мијаците важиме за бистри, монасиве и монахињиве на Св. Јован Бигорски, изграден од нас Мијаците, немам впечаток дека се Мијаци, пребистри се за да бидат разбрани“, забележува, исто така, Росоклија.