Претседателот Ѓорге Иванов лавовски се бори за интересите на Македонија, рече вечерва вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески, на митингот во Струмица за поддршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.
„Иванов чесно ја извршува својата функција. Тој како претседател лавовски се бори за Македонија“, рече Ставрески, кој потенцираше дека Иванов го одликуваат особини како што се чесност, искреност и работливост, кои што посебно се ценети.
Ако за некого важи девизата дека е човек од народот, рече Ставрески, тоа секако е Иванов, притоа посетувајќи на изјавата на Иванов од 2009-та година во Обединетите нации „Апсурдно е во 21-от век некој да биде ословуван како поранешна република…“.
Заедно со премиерот, како што истакна Ставрески, се изборија за особено важни интереси на државата, како што е изградбата на автопатиштата во Македонија, приклучувањето кон „Јужен тек“.