Најмалку четири жртви во невреме во северна Италија

По повеќедневните горештини во невремето коешто ја зафати северна Италија во неделата најмалку четири лица ги загубиле животите, а изведени се многу акции на спасување во планинските области на земјата, пренесуваат локалните медиуми.

наitalija nevreme 01

Маж загинал од удар  гром во Мармолада, највисоката планинска група во Доломитите, објави италијанската новинска агенција ANSА.

Во долината Трамонтини во покраината Фурланија 41-годишна Белгијка смртно настрадала откако дрво се урнало врз нејзиниот шатор. Во Ломбардија, пак, жена загинала откако се лизнала од мокра пешачка патека. Во Кортина д’Ампецо, исто така, загинала жена во одрон на земја вез нејзиниот автомобил.

itlija 02

На локалните служби за спасување им се пријавени „многу настрадани“ во текот на викендот, а планинарите се предупредени да се придржуваат до предупредувањата за временските прилики.

Ви јули во Италија наврнало за половина помало количество дожд отколку што е вообичаено за овој месец, а температурите достигнуваа 40 Целзиусови степени речиси цела седмица.