САД посетата на Путин на Абхазија ја смета за несоодветна

САД ја оценија за несоодветна посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Абхазија, автономната област којашто се отцепи од Грузија и чијашто независност ја призна Русија по кусата војна од 2008 година.

„Соединетите држави бараат од Русија да ги повлече своите сили на предвоените позиции и да се откажае од признавањето на независноста на грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Русија има распоредени неколку илјади војници кои како автономни покраини по распадот на Советскиот сојуз припаднаа во Грузија каде што биле припоени во сталиновиот период и оттогаш водеа борби за осамостојување, а Грузија тоа го смета за окупација.

Во текот на посетата во вторникот на рускиот претседател Владимир Путин, на деветгодишнината од руско-гурзиската војна, изјави дека Русија продолжува цврсто да ја гарантира безбедноста и независноста на Абхазија, додавајќи дека е сигурно дека така ќе биде и во иднина.

Тбилиси веднаш во вторникот ја осуди оваа посета, која за тамошните власти претставува „продолжување на руската политика насочена против Грузија“. Русија „мора да престане со провокациите и мора да го почитува територијалниот интегритет на суверена Грузија“, се наведува во соопштението на грузиското министерство за надворешни работи.

„САД ја сметаат посетата на претседателот Путин на Абхазија, грузиска територија којашто ја окупирала Москва, несоодветна и во спротивност со принципите кои владеат во меѓународните разговори во Женева во коишто учествува и Русија“, додава Стејт департментот.

Грузија и Русија водеа куса војна во август 2008 година кога грузиската војска изврши инвазија против сепаратистичките сили во Абнхазија и Јужна Осетија, што од тогашниот американски претседател Џорџ В Буш помлдиот беше оценето како „погрешно разбирање“ на пораката од Вашингтон.. Руската војска брзо ја совлада грузиската продрувајќи длабоко на грузиска територија, а Абхазија и Јужна осетја прогласија независнсот.

Путин во заднината на влошените односи со Западот последните неколку години ја зајакна воената, економската и политичка поддршка на овие две области.