Научниците чекор поблиску до пресадувањето свински органи кај луѓето

Меѓународен тим научници направил чекор поблиску во ксенотрансплантацијата или пресадување органи меѓу различни видови, создавајќи генетски модификувани свињи чиишто органи се погодни за трансплантација кај луѓето, се наведува во статијата во научнотот списание Science.

Овој чекор би можел да претставува револуција во пресадувањето на органите, бидејќи генетските модифицирани органи на свињите, во коишто се вметнати човечки гени, би можело да се транпслантираат кај луѓето наместо ретките органи од човечки донатори на кои најчесто многу долго се чека.

Поради сличноста и компатибилноста на свинските органи со човечките, овие животни веќе подолг период се сметаат за погодни донори за ксенотрансплантација. За да се спречи отфрлањето на животинските органи, научниците уште на почетокот од 1990-те години дојдоа на идејата во свињите да уфрлат некои човечки гени.

Досега проблемот при пресадувањето на свинските органи претставуваа вирусите кои би можеле да бидат заразни кога станува збор за транспланатација на човечки пациент.

Во споменатата студија се наведува дека групата научниците којашто ја предводела двајца генетичари од универзитетот Харвард, Џорџ Ларч и Луан Јанг успешно ја примениле методата за клонирање за да ги отстранат гените одговорни за постоењето вируси во свинската ДНК пред да пристапат кон создавањето на 37 свински ембриони.

Тие се надеваат дека на тој начин ја надминале една од најголемите пречки во овој вид трансплантација. Приватната компанија „eGenesis“, којашто ја формирале Ларч и Јанг, успеала „да создаде 37 прасиња чиишто органи ќе бидат потенцијално добри за ксенотрансплантација“.

Во написот на Science се истакнува дека недостигот од човечките органи за пресадување е толку голем дека секојдневно во САД во исчекување на соодветен човечки донатор умираат 22 пациенти.