Том Круз повреден на снимањето на новата „Невозможна мисија“ (ВИДЕО и ФОТО)

Славниот холивудски актер Том Круз се повредил во текот на изведување акробатка сцена во Лондон на снимањето на шестото продолжение на акцискиот трилер „Невозможна мисија“, пренесе американскиот таблоид портал TMZ.

Инцидентот со 55-годишниот актер кој честопати самиот ги снима акробациите се случил во неделата. Порталот објави видео на коешто се гледа како Круз со осгурување се обидува да скокне од еден покрив на друг, но промашил и „прилично силно се удри“ во ѕидот на зградата.

tom-cruise-mega

Потоа се искачува на покривот и со помош на безбедносните ремени скокнува назад во обратен правец, по што го симнуваат членовите на снимателската екипа. Каква е приорада на повредата со којашто се здобил Круз, порталот не наведува.

Видеото поставено на YouTube канал кој е во сопственост на TMZ, покажува дека по овој инцидент на лондонскиот сет, Том Круз поткривнува на едната нога.

Круз пред Лондон, снимаше во Париз, каде возеше мотор, додека во Оксфордиш е фотографиран за време на скок од авион.

Шестото продолжени на „Невозможна мисија“ го режира Кристофер Меквари, а покрај Круз, во него се појавуваат и Хенри Кејвил, Ребека Фергусон, Анџела Басет и Алек Болдвин. Се очекува филмот да биде целосно завршен до јули 2018 година.

-tom-cruise-injury-sub-gallery-7

Првиот филм „Невозможна мисија“, во режија на славниот Брајан де Палма, беше премиерно прикажан во 1996 годна. Познато е дека заплетот на новиот филм е поврзан со продолжување на историјата на тајниот агент Итан Хант, чијашто ролја во сите шест продолженија ја толкува Том Круз. Според медиумите, хонорарот на актерот за претходните филмови изнесувалче над 70 милиони долари.