Пуштено во употреба ново вештачко езеро во Аеродром

Градоначалникот Ивица Коневски го пушти во употреба новото вештачко езеро во општина Аеродром. Езерото „Баричка“ се наоѓа во близина на училиштето Љубен Лапе и се протега на простор неколку стотици метри квадратни. Од општината велат дека се задоволни со реалзиацијата на овој проект и ги повикаа граѓаните да го користат новиот простор за рекреација и спортски риболов.

„Ова е еден од моите омилени проекти. Покрај рибарењето, езерото во иднина ќе нуди можност за други спортови. Со новите дождови кои се очекуваат во септември и октомври, покачениот водостој ќе овозможи езерото да се користи и за за нови спортови како веслање, пливање и евентуално ватерполо.“  изјави градоначалникот Коневски.

Аеродромци не чекаа да бидат поканети два пати. Веќе утрината можеше да се забележат првите рибари ентизујасти кои ловеа риба од раните утрински часови. Велат, рибата се уште не е активна, веројатно се адаптира на новата средина, но тие не се откажуваат. Езерото како ветување не беше дел од програмата на градоначалникот Ивица Коневски.

 

20863937_10212740813136123_691101338_n