Митрески: Димовски e нелегитимен претседател на ССМ бидејќи не е избран на конгрес

Сè додека не се заврши примопредавањето, јас сум претседател на ССМ и сè додека важат одлуките на 19-от конгрес, а за тоа водиме правни постапки, а затоа има и забрана за впишување друго лице, изјави во понеделникот на прес-конференција Живко Митрески.

Подоца во понеделникот 15 часот е закажано примопредавање на функцијата меѓу новиот в.д. претседател Дарјо Димовски, актуелен претседател на СУТКОЗ, и поранешниот Живко Митревски.

Дарко Димовски пред повеќе од една година беше изгласан од некои грански синдикални тела за нов претседател на ССМ. Од минатиот петокот веќе е запишан во Централниот регистар на Македонија како в.д. претседател на ССМ, за што синдикалните водаќи обвинија дека е сторено под притисок на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.