
САД не се заинтересирани за промена на режимот во Пјонгјанг или за повторно обединување на Северна и Јужна Кореја, изјавија американскиот министер за одбрана Џемс Матис и државниот секретар Рекс Тилерсон.
Матис и Тилерсон во заедничкиот напис во „Волстрит журнал“ нагласија дека САД преферираат дипломатско решение на нуклеарната криза, особено со помош на Кина, но дека не ја исклучуваат ниту воената опција.
– САД не се заинтересирани за промена на режимот или брзо обединување на двете Кореи, напишаа двајцата американски официјални претставници на САД.
Тие ја повикаа Кина, која е главен трговски партнер на Северна Кореја и нејзин сојузник, да влијае врз Пјонгјанг и да го повика тамошниот режим да се тргне од опасниот пат.