Трпески: Кај граѓаните се повеќе се зборува дека Жерновски е градоначалник на рушењето

ВМРО-ДПМНЕ и денеска имаше панел дискусија, панелот беше насловен „Општина Центар стагнира, Жерновски доказ за неспособноста на СДС“. На панелот говореше и Сашо Трпески, тој кажа дека Жерновски иако ветил дека веднаш ќе прави квалитетни ДУП-ови, иако досега таков не е донесен по предлог на градоначалникот, што како што кажа можеби звучи фрапантно.

-До денеска немаме донесено ниту еден ДУП, иако единствена надлежност на советот, согласно закон за локална самоуправа е носењена ДУП-ови. Имаме еден голем дијапазон на несработување на ветувањата на граѓаните. Кај граѓаните се повеќе се зборува дека ова е градоначалник на рушењето, изјави Трпески.

Тој кажа дека тоа е така бидејќи тој уште пред да стане градоначалник кажал дека ќе била срушена северната трибина на Арената Филип Втори, бидејќи не била стабилна, како и многу други работи кои кажа дека ќе ги руши, меѓу кои спомениците, терасата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ.