
Повозрасна жена утрово била прегазена од комбе на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ”, во близина на Министерството за култура.
Од неофицијални извори, возачот на комбето не ја видел жената, бидејќи возел во рикверц.
Според кажувањата на луѓе кои набрзо после несреќата се нашле на местото, неколкумина минувачи се обиделе да го кренат комбето за да ја извадат жената, но не успеале.
Полицијата ги проверувала и безбедносните камери на околните објекти за евентуално да обезбедат снимка од нереќата.