Нови десетина убиени во ескалацијата на војната против дрогите на Филипини

Филипинската полиција убила најмалку 13 лица во главниот град Манила во третиот дена од ескалацијата на безмилосната војна против дрогите и криминалот на претседателот Родриго Дутерте, со што бројот на убиените оваа седмица се искачи 80 со што стана најкрвавата досега, пренесува во петокот Reuters повикувајќи се на очевидци и локалните медиуми.

Претходно оваа седмица 67 лица беа убиени, а повеќе од 200 беа уапсени во Манила и во околните провинции, во акциите против уличниот криминал и дрогите којашто полицијата ја спроведува под кодниот назив „Еднаш, но силно“.

Безбедносните сили го користат овој назив за координирано дејствување во окрузите во кои владее криминалот, што ги подразбира најчесто популарно наречените населби сламови или сиромашните квартови.

Филипинската потпретседателка Лени Робредо, којашто доаѓа од опозициската партија, го критикуваше овој пораст на убиството.

Нарекувајќи го тоа „нешто околу што треба да бидеме гневно“, Робредо подолг период ги критикува мерките на Дутерте поради коишто од почетокот на неговото владеење од пред една година досега се убиени илјадници луѓе, што предизвика и осуда од меѓународната заедница.

Полицијата тврди дека не добила никакви нови наредби, туку оти само ја работи својата должност.

„Претседателот не ме упати да убивам и да убивам. Ниту јас на своите сили не им препорачувам да убиваат и убиваат. Но претседателските налози околу тоа војната против дрогите да мора да биде непопустлив се многу јасни. Оние кои се убиени давале отпор.“, изјави во четвртокот шефот на филипинската полиција Роналд дела Роса.

Дутерте претходно седмицава истакна дека таа ескалација го има неговиот благослов, истакнувајќи дека е добро да се убиени 32 криминалци во провинцијата северно од Манила. „Ајде да убиени уште 32 секој ден. Можеби така можеме да го намалиме она што ја мачи оваа земја“, додаде.

Во четвртокот претседателот рече дека не само што ќе ги помилува полицајците кои убивале трговци со дроги, туку и дека ќе ги унапреди.