
Тој на својот Фејсбук профил напиша дека при последната посета било ветено, а сега веќе се користи новиот реконструиран пат до населеното место.
-Изворно ме информираа дека по мојата посета се надминал проблемот со користење на здравствените услуги за луѓето кои доаѓаат во овој крај претежно во летниот период и се на печалба, како и проблемот со издавање на пасоши, иако посочија дека во последниот период наидуваат на опструкции и потешкотии кои мора да се надминат и актуелната Влада мора да се ангажира, напиша Груевски на Фејсбук.