Возилото со кое е изведен нападот во Камбрилс снимено во Франција

Црниот автомобил од марката „ауди А3“, со кој џихадистите го изведоа нападот во Камбрилс во шпанската покраина Каталонија при што е убиена една жена, снимен е со надзорни камери во Франција поради пречекорување на брзината на областа на главниот град Париз, објави во неделата францускиот дневен весник Le Parisien.

Автомобилот бил снимен поради пребрзо возење околу една седмица пред нападите во Барселона и Камбрилс во четвртокот во кој терористите вкупно убија 14 луѓе и повредија уште 126 други.

Без да ги наведе своите извори, весникот Le Parisien додава дека досега истрагата не утврдила никаква поврзаност, и оти е можно е дека автомобилот само минувал низ Франција патувајќи на многу подолга дестинација.

Информацијата е објавена во рамките на полициската и судска соработка меѓу европските земји во обидот да се идентификуваат можните соучесници на терористичката ќелија којашто според досегашните процени на истрагата ја сочинувале дванаесет лица.

Правосудниот оддел за антитероризам во Париз отворил истрага за атентатите во Барселона и во Камбрилс во кои се повредени 30 француски државјани.

Во Камбрилс, гратче со 33.000 жители оддалечен 120 километри од Барселона, полицијата уби петмина млади мажи кои носеле лажни појаси со експлозиви и со „ауди-то“ се залетал во туристи излегле од возилото и почнале да бодат луѓе при што е убиена една Шпанка.

Шпанските медиуми пренесуваат дека сопственикот на автомобилот бил Мохамед Аала, кој е уапсен набрзо по нападот. Еден од неговите браќа е убиен во Камбрилс, а вториот брат за кој се претпоставува дека ѝ припаѓал на ќелијата исчезнал.

Шпанската полиција, исто така, трага по момче за коешто се сомнева дека во управувал комбето со коешто беше изведен масакрот во Барселона, и не ја исклучува можноста тој да побегнал во Франција.