Министерот за „задолжување“ Драган Тевдовски за нешто повеќе од два месеца ја задолжи Република Македонија и граѓаните за стотици милиони евра, пари од девизните резерви и парите од аукциите по основ на издадени хартии од вредност, исчезнаа, реагираше во понеделникот ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението на партијата се вели дека постојано се распишуваат нови аукции за државни хартии од вредност, а граѓаните не гледаат никаков бенефит од се поголемото задолжување. Волшебниците на СДС успеваат само да направат парите да исчезнат.
„Министерот за задолжување Тевдовски досега има издадено државни хартии во вредност од 145 милиони евра. Згора на тоа, според податоците што ги објавува НБРМ, девизните резерви на Република Македонија споредено 31 јули и 31 мај се намалени од салдо 366,3 милиони евра на 189,3 милиони евра. Цели 177 милиони евра недостасуваат за нецели два месеца“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во сооштението на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека граѓаните на Република Македонија не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на криминалците од СДС и нивните добро платени советници од Сорос и платеничката шарена револуција.
„Јавноста гледа дека овие пари не одат за покачување на платите и пензиите или нови проекти туку се трошат за луксузирањата на СДС, и покривање на партиските вработувања во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат. Неспособната влада на СДС ствара само хаос и неизвесност. Едно зборуваат пред избори, а друго прават кога се на власт. Затоа одговорност мора да има и ќе има. СДС на 15 октомври ќе се соочи со политичка одговорност“, пишува во соопштението.