Митревски обвинува за притисоци и закани по животот

Исклучителни притисоци, уцени, закани за физичка ликвидација се врѓат изминативе денови кон досегашниот претедател на Сојузот на синдикати на Македонија, Живко Митревски, секретарот, претседателот на СОП и соработниците, беше соопштено во

„Бевме сведоци на фингирана сообраќајна несреќа кога комбе во движење го удри од зад службениот автомобил. Очигледно притисоците имаат за цел да се откажеме од оваа борба, автономијата на синдикалното движење во Република Македонија и се користат методи од најцрните денови на УДБА. Сакам да порачам дека го повикуваме државно именуваниот и нелегитимен претседател Димовски веднаш да ја напушти функцијата која државата му ја додели на очиглед на целокупна демократска јавност и веднаш, под итно да го спроведе барањето на Светската конфедерација на синдикати, на Европската конфедерација, според кои легитимен претседател е д-р Живко Митревски и раководството кое претходно беше избрано на 19-тиот конгрес“, рече Митревски.

Апелираше до надлежните служби кои работат во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) веднаш да престанат со фалсификувањето на службените документи.

„Ги повикуваме сите служби веднаш, а особено државно именуваниот и самопрогласен ВД претседател Димовски, да ги отвори просториите на синдикатите за влез за вработените во нив. Овие простории се узурпирани, без одлуки на органи и тела“, рече Митревски.

Го повика и, како што го нарече, нелегитимното раководство именувано од страна на власта и министерката за труд и социјалната политика Мила Царовска, да престанат со трошење на парите на работниците.